Објавено на:

Русите имаат нова цел во Украина – железницата

t

Руските сили нападнаа пруги во регионите Суми и Дњепропетровск, а во нападот во Запорожје загинаа две лица, меѓу кои и едно осумгодишно момче, соопштија денеска украинските власти. Државните железници на Украина денеска соопштија дека цел на нападот на Русија во текот на ноќта била нивната инфраструктура во североисточниот регион Суми и централниот регион Дњепропетровск.

Украинското МВР соопшти дека во нападот на хотелскиот комплекс во Запорожје загинале 38-годишна жена и нејзиниот син, а повредени се нејзиниот сопруг и ќерката тинејџерка која е на интензивна нега.

Во изминатиот ден имаше 313 напади и гранатирани беа 11 населени места, при што беа оштетени неколку згради во Запорожје, изјави регионалниот гувернер Иван Федоров, вклучително и ракетен напад врз истоимениот град, кој е и административен центар на регионот.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 27 од 35 беспилотни летала во ноќен руски напад. Русите употребија и четири проектили. Регионалниот гувернер на Миколаев Виталиј Ким изјави дека нема жртви во ракетниот напад врз јужниот регион.

Регионалниот гувернер на Киев Руслан Кравченко објави дека нема оштетувања на критичната инфраструктура и нема жртви по операцијата за воздушна одбрана во регионот. Тој рече дека остатоците предизвикале пожари во шумските области и мала штета на облакодер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…