Објавено на:

Путин во Монголија: Нашите односи се развиваат во сите правци

t

Односите меѓу Руската Федерација и Монголија се развиваат во сите правци, нагласи рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорот со неговиот монголски колега Унагин Хурелсух во Улан Батор.

Разговорите меѓу рускиот и монголскиот лидер се одржаа во јурта, традиционален монголски номадски шатор поставен во зградата на Државната палата во главниот град на Монголија, пренесува РИА Новости.

„Покрај економската и политичката сфера, каде што активно соработуваме, би сакал да ја истакнам и ефективната работа во хуманитарните области, особено во областа на образованието. И покрај сите тешкотии, вклучително и оние што ги спомна претседателот на Монголија, како и историјата на Ковид, сепак влеговме на патот на раст на трговските односи и трговскиот промет“, рече рускиот претседател и додаде дека „билатералната меѓувладина комисија активно работи и неговата работа дава резултати“.

Претседателот на Монголија ја прифати поканата на Путин да присуствува на самитот на БРИКС+ во Казан во октомври оваа година.

„Ви благодарам, ја прифаќам вашата покана“, рече монголскиот претседател Хурелсух.

Ова е прво патување на Путин во земја која е потписничка на статутот на Меѓународниот кривичен суд кој пред 18 месеци издаде налог за негово апсење, што особено го посочуваат западните медиуми. Одговарајќи на новинарско прашање дали имало преговори со монголските власти за ова прашање, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека сите аспекти од патувањето биле внимателно подготвени. Претходниот совет на судот, чија јурисдикција Русија не ја признава, издаде налог за апсење на Путин и детскиот правобранител Марија Лвова-Белова.

Украина ги повика монголските власти да го уапсат рускиот претседател Владимир Путин по наредба на Меѓународниот кривичен суд за време на неговата посета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без струја останаа Македонската телевизија, судовите, Антикорупциска…

Поради дефект во електродистрибутивната мрежа и прекин…

Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…

Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…

Марко Колев го остави Велес без еколошка…

Марко Колев го остави Велес без еколошка…

Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…

Тајланд ќе го рекриминализира канабисот

Тајланд ќе го рекриминализира канабисот Потегот за…