Безбедноста не е загрозена, но МВР ќе одговори на секој предизвик што ќе се појави, вели министерот Тошковски
Тошковски е согласен со ставот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оти во моментов нема потреба од свикување на Советот за безбедност зашто, според него, безбедноста на државава не е загрозена до тој степен
Доколку постои, Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе одговори на секој предизвик што ќе се постави пред него во рамки на своите надлежности, изјави денеска министерот Панче Тошковски во контекст на најавите за дестабилизација во државата. Додаде дека МВР би се справило со потенцијални немири.
Тошковски е согласен со ставот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оти во моментов нема потреба од свикување на Советот за безбедност зашто, според него, безбедноста на државава не е загрозена до тој степен.
„Сметам дека во овој момент нема потреба од свикување на тоа тело. Има информации и најави, но сметам дека во овој момент безбедносната состојба не е загрозена до тој аспект да има потреба да се свика Советот за безбедност“изјави Тошковски одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на ПС „Пролет“.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова кон средината на минатиот месец повтори дека во моментов нема во план да го свика Советот за безбедност во врска со наводите за постоење индиции за дестабилизација на државата. Индиции се едно, закани за дестабилизација се друго, а реалноста, порача претседателката, е поинаква
Индиции се едно, закани за дестабилизација друго, а реалноста е поинаква, рече Сиљановска-Давкова и повтори дека нема да го свика Советот за безбедност
Премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на август изјави дека, според информации добиени од повеќе канали, раководството на Демократската унија за интеграција, како што рече, во обид да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години, оваа есен ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…