Шумски пожар среде град: Гори голема површина во Кисела Вода, се шири во сите насоки – Ангелов вели невообичаен и апсурден пожар!
Голем пожар избувна попладнево во скопската населба Кисела Вода.
Директорот на Центар за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов за пожарот кој избувна денес во Расадникот во општина Кисела Вода вели дека е вистински шумски пожар.
-Шумски пожар во сред град, во овој момент беснее вистински шумски пожар во општина Кисела Вода во Расадникот. Пожарот има зафатено голема површина, се шири во сите насоки. Верувам дека околните објекти ќе бидат благовремено заштитени бидејќи насекаде околу овој Расадник постојат различни објекти. Според мене овој пожар е невообичаен и апсурден пожар, бидејќи ние имаме шумски пожар во градот Скопје нешто што досега го немам видено, вели директорот на Центар за управување со кризи Стојанче Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…