КФОР утринава со ново засилување на силите на мостот на Ибар
На главниот мост на Ибар во Косовска Митровица утрово повторно се присутни засилени сили на италијанскиот КФОР, припадници на единицата за разбивање демонстрации.
Како што јавуваат српските медиуми, зголеменото присуство на КФОР е поради редовна вежба која треба да се одржи претпладне.
Мостот на Ибар којшто според претходните најави од страна на приштинските власти требаше да се отвори за сообраќај на 1 септември, деновиве беше обезбедуван од кордон на италијански карабинери од единицата за разбивање демонстрации, како и возила на КФОР.
Претходно, КФОР соопшти дека дополнителни ресурси кои припаѓаат на мултинационалната специјализирана единица на КФОР биле привремено стационирани на главниот мост на реката Ибар во Косовска Митровица.
На прашањето на српските медиуми дали КФОР ги засилил силите на мостот по полициските акции на косовската полиција во северниот дел на К. Митровица беше наведено дека дополнителните распоредувања се дел од периодичната обука што КФОР ја спроведува со цел „да ги тестира своите долгогодишни процедури и да ги заштити своите највисоки оперативни стандарди“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дрвокрадците од велешко му ставиле моторна пила…
СВР Велес поднесе кривична пријава против четири…
Тешка сообраќајка во Србија – едномесечни близнаци…
Во тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад,…
(Фото+видео) Величествен дочек на новата година во…
Жителите на пацифичките држави Самоа и Кирибати…
Имотот на 500-те најбогати луѓе во светот…
Најбогатите луѓе во светот станаа уште побогати…
„Ауди“ се запалило вчера во Ѓорче Петров,…
Автомобил „Ауди“ вчера се запалил при стартување…