Муртезани: Подготвени сме за суштински дијалог со Бугарија
Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, кој треба да заврши со надминување на пречките на нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, притоа заштитувајќи ги интересите на двете земји, изјави денеска во Брисел министерот за европски прашања Орхан по средбата со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.
– Го информирав комесарот Вархеји за приоритетите на Владата, како и дека европската интеграција на Република Северна Македонија е меѓу клучните приоритети на земјата. Еврокомесарот ме информираше дека Европската комисија и институциите на Европската Унија ја поздравуваат заложбата на Владата, особено во брзината со која беше обработена и имплементирана реформската агенда, која јас лично ја сметам како една од најголемите достигнувања на првите сто дена на Владата, изјави Муртезани за МИА.
-Го информирав комесарот дека како Влада сме спремни за суштински дијалог со нашиот сосед Република Бугарија, дијалог којшто сметаме дека е неопходен и кој треба да заврши со надминување на овој проблем, притоа заштитувајќи ги интересите на двете земји, додаде Муртезани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од “PayPal” до вселената: Како Илон Маск…
Продажбата на "PayPal" на "eBay" во 2002…
Бадниково гранче – неговото значење и традиција
Православните христијани на Бадник, вечерта наспроти Божиќ,…
СДСМ: Институциите кои ги раководи ДПМНЕ, Македонија…
Поради неисчистени патишта од страна на државното…
Повеќе од 1.300 летови низ САД се…
Повеќе од 1.300 летови беа откажани денеска,…
Украинските сили го елиминираа Братислав Живковиќ, водачот…
Убиениот водач на српските четници Братислав Живковиќ,…