Објавено на:

Синот на починатиот републикански сенатор Џон Мекејн ја напушти Републиканската партија и ќе ја поддржи Камала Харис

t

Џими Мекејн, син на починатиот републикански сенатор Џон Мекејн, планира да ја поддржи предизборната кампања на кандидатката за претседател на САД од Демократската партија, Камала Харис, јави ДПА.

Мекејн вчера изјави за Си-ен-ен дека се оградил од Републиканската партија и официјално се регистрирал како демократ. Тој го нападна републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, особено осудувајќи го неодамнешното појавување на Трамп на националните гробишта во Арлингтон.

Трамп положи венец на гробиштата во спомен на американските војници кои загинаа во самоубиствен напад во Авганистан пред три години.

По посетата, имаше извештаи за конфронтација меѓу тимот на Трамп и службеник на гробиштата, кој наводно бил турнат настрана кога се обидел да ги спроведе правилата на гробиштата, според американската војска.

Трамп беше обвинет дека ја искористил посетата за политички цели.

Џон Мекејн беше жесток критичар на Трамп, а неговата сопруга го поддржа Џо Бајден за претседателската номинација за време на Демократската национална конвенција. Сепак, ниту еден од блиските членови на семејството на покојниот републиканец досега не ја напуштил Републиканската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Белиот император“ отвора нова ера во воздушната…

Прототипот на кинескиот ловец од шестата генерација…

Тешко повреден скопјанец: Со возило удрил во…

На 27.12.2024 година во 09:20 часот во…

Мицкоски положи цвеќе на гробот на револуционерот…

Во чест на Македонскиот револуционер, борец за…

Русија тврди дека ја спречила Украина да…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во…

(Видео) Украинска активистка се обидува да украде…

Утрово Украинка, активистка на движењето „Фемен“, се…