Николоски: Мaкедoнија и Србија одржуваат доста блиски односи, се работи за два пријателски, два братски народи
Делегација на Владата во состав заменик претседателот и министер за транспорт, Александар Николоски, заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е во официјална посета на Република Србија.
„Денеска сме во официјална посета на Република Србија. Мoжам да кажам дека Мaкедoнија и Србија одржуваат доста блиски односи, а со формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тие односи и релации уште повеќе ќе се подобрат затоа што се работи за два пријателски, два братски народи кои што треба да имаат најдобри односи и најдобра соработка. Во таа насока зборуваме за политичка и за економска соработка, секако за затоплување на политичките односи и за подобрување за економската соработка, зголемување на трговијата, на трговската размена, отворање на што повеќе работни места и во Македонија и во Србија за компании кои што работат и во Македонија и во Србија. Секако тука е подобрувањето на инфраструктурата, пред се во делот на Коридор 10 и изградбата на брзата пруга. Знаете дека една од главните заложби на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и моја лична како потпретседател на Владата и министер за транспорт е изградба на брза пруга Скопје-Солун која што треба да се надоврзе на брзата пруга која што веќе постои од Солун до Атина и исто така на брзата пруга Белград – Будимпешта – Виена, а се надевам дека во најбрзо време Србија ќе ја изгради брзата пруга Белград – Ниш-Скопје и на тој начин Македонија да биде поврзана со возови што се движат со 200 km на час и поврзана со Централна и Западна Европа на брз и квалитетен начин. Во исто време да се развива бизнисот затоа што ќе се отворат две големи пристаништа кои природно гравитираат кон Македонија а тоа е Солунското и пристаништето Пиреа во Атина“, изјави вицепремиерот Александар Николоски и додаде:
„Имаме средба со претседателката на Собранието, Брнабиќ, со министерот за внатрешна и надворешна трговија, Момировиќ, исто така со министерот за надворешни работи, со министерката за енергетика и секако со министерот за економија, со министерот за транспорт Весиќ и претседателот на Владата, Вучевиќ со кој што ќе имаме работна вечера на која поподробно ќе ги дискутираме сите овие односи. Она што исто така можам да го кажам е дека во следниот период договараме посета на Владата на Србија во Македонија, а за скоро време и очекуваме да се воспостави една соработка на одржување на заеднички седници на македонската и српската влада”- изјави Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…