Велика Британија делумно го суспендира извозот на оружје за Израел

t

Британската влада денеска соопшти дека ја прекинува испораката на некои видови оружје за Израел бидејќи, според министерот за надворешни работи Дејвид Леми, постои ризик тоа да се искористи за „да се изврши или олесни сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право“.

Тој пред пратениците во парламентот рече дека одлуката се однесува на околу 30 од 350 извозни дозволи за опрема „за која се проценува дека се за употреба во тековниот конфликт во Газа“, вклучувајќи делови за воени авиони и беспилотни летала.

Тој нагласи дека тоа „не е утврдување невиност или вина“ за тоа дали Израел го прекршил меѓународното право и оти тоа не е ембарго за извоз на оружје.

Лами, кој двапати го посети Израел во изминатите два месеци како дел од напорите на Западот за прекин на огнот во Газа, рече дека е „пријател на Израел“, но насилството во Газа го нарече „ужасно“.

Велика Британија е меѓу бројните сојузници на Израел чии влади се под зголемен притисок да го запрат извозот на оружје поради војната во Газа, во која загинаа повеќе од 40.000 Палестинци.

Британските фирми продаваат релативно мала количина оружје и компоненти на Израел. Претходно годинава, владата во Лондон соопшти дека воениот извоз во Израел вредел околу 42 милиони фунти (47 милиони евра) во 2022 година.

Отстапувајќи од ставот на неговиот претходник конзервативец, новата влада на Кир Стармер во јули соопшти дека Велика Британија нема да интервенира во барањето на Меѓународниот кривичен суд за налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Стармер, исто така, го врати финансирањето на Агенцијата на Обединетите нации за помош на Палестинците (UNRVA), кое во јануари го прекина владата на неговиот конзервативен претходник Риши Сунак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велика Британија делумно го суспендира извозот на…

Британската влада денеска соопшти дека ја прекинува…

Николоски: Мaкедoнија и Србија одржуваат доста блиски…

Делегација на Владата во состав заменик претседателот…

Казни во висина од 8,5 милиони евра…

За неправилности на плажите во Грција во…

Малолетно девојче силувано во Дебар

МВР информира дека вчера попладне во 18:30…

Јелена Ѓоковиќ: Станав веган поради страв од…

Јелена – сопругата на најдобриот српски тенисер…