НАТО е многу разочаран од акцијата на косовска полиција

t

НАТО соопшти дека е многу разочаран од вчерашните акции на косовската полиција на северот на Косово, која, како што се наведува, не била координирана со КФОР и покрај повеќекратните ветувања дека тоа ќе го стори.

„Потребна е деескалација и целосен ангажман во дијалогот со ЕУ“, напиша портпаролката на НАТО, Фара Даклала, на платформата Х.

Во соопштението се наведува и дека КФОР е целосно подготвен да го задржи својот мандат врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за сите заедници на Косово и Метохија.

Косовската полиција вчера упадна во зградите на привремените органи на српската Влада во Лепосавиќ, Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток, како и во болничкото одделение на КБЦ Косовска Митровица, зградата во која се наоѓаат просториите на Фондот на ПИО, просториите на Канцеларијата на Министерството за правда, Управниот округ Косово-Митровица и Центарот за социјална работа.

Постапката на Приштина ја осудија мисијата на ЕУ во Приштина, како и американската Амбасада и амбасадорите на Германија, Велика Британија и Франција.

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан побара од премиерот Албин Курти, да ги прекине некоординираните и провокативни акции, кои, како што рече, „негативно влијаат на партнерството“ меѓу САД и Приштина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…