Министерката Весна Јаневска призна дека нема образовни асистенти во училиштата и дека децата со попреченост седат дома, тврдат од СДСМ
,,Министерката Весна Јаневска призна дека нема образовни асистенти во училиштата и дека децата со попреченост седат дома, нaместо во училиште.
Ниту едно дете со попреченост се уште не е на училиште, само затоа што министерката Весна Јаневска не ја заврши постапката за над 800 образовни асистенти.
МОН на чело со Јаневска го попречува остварувањето на основното правото на децата-ученици со попречност за задолжително основно образование.
Јаневска треба да одговори дали овој проблем е всушност заради партиски вработувања?
Дали се правени списоци по Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ за кој да се вработи и затоа се касни со целата постапка?
Ова е безобразно и целосно спротивно на начелата на Законот за основно образование кој гарантира најдобар интерес и целосен развоj на ученикот, еднаквост достапност и инклузивност”, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студени утра, сончеви денови: Временска прогноза за…
Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по…
Драматична ескалација во Ормускиот Теснец: погоден супертанкер…
Нов сериозен безбедносен инцидент е пријавен во…
Путин предупреди: „Ескалацијата води кон катастрофа“
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Западот…
Македонија нема да испраќа војници во Украина,…
Македонија нема да испраќа свои војници во…
Франција и Шпанија го поддржуваат враќањето на…
Францускиот претседател Емануел Макрон и шпанскиот премиер…