Средба Вулин-Путин: Србија нема да биде територија од која се врши антируско дејствување

t

Српскиот вицепремиер Александар Вулин денеска се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток и му порача дека Србија нема да биде територија од која се врши антируско дејствување.

Во текот на разговорот, Вулин истакна дека „Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ нема да стане членка на НАТО, дека нема да воведува санкции кон Руската Федерација и нема да биде територија од која се врши антируско дејствување“, соопшти Кабинетот на вицепремиерот на Србија.

Вулин изразил голема благодарност до рускиот претседател „за цврстиот став на Руската Федерација во однос на почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија и непризнавањето на Косово“.

Тој исто така истакнал дека е „горд на својата земја Србија, која е единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Руската Федерација и стана дел од антируската хистерија“, се вели во соопштението.

Потпретседателот на Владата на Србија и претседателот на Руската Федерација во Владивосток констатирале дека билатералната соработка меѓу двете земји е на високо ниво и дека продолжува подобрувањето и зајакнувањето на српско-руското сеопфатно стратешко пријателство во корист на двата народи, се заклучува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…