Продажбата на нови автомобили во Русија зголемена за 52 отсто

t

Продажбата на нови автомобили во Русија во периодот од јануари до август е зголемена за 52 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за индустрија и трговија на таа земја.

Во првите осум месеци продадени се 1,17 милиони автомобили, стари под три години, пренесe Мина.

Што се однесува до камионите, продажбата е намалена за десет отсто и изнесува 81,3 илјади возила, додека во сегментот автобуси продажбата е зголемена за 12 отсто на 13,6 илјади возила.

Пазарот на нови електрични возила од јануари до август пораснал за 86 отсто во однос на истиот период минатата година и изнесувал речиси 13,8 илјади, соопшти руското Министерство.

Само во август продажбата на нови возила во сите сегменти е зголемена за 25 отсто на годишно ниво, на 170,5 илјади возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…