„УЧЕНИЦИТЕ УЧАТ ВО СТАКЛЕНИК, ГИ ЗЕМАМЕ ДЕХИДРИРАНИ ОД УЧИЛИШТЕ“: Миа Костова го крена гласот, се огласија и други родители

t

Високите температури направија хаос на социјалните мрежи, посебно кај родителите на ученици. Со оглед на тоа дека е жешко, во голем број училишта температурите во училниците се прилично високи. Токму од тие причини, Миа Кoстова на нејзиниот фејсбук профил објави дека нема да го носи нејзиниот син на училиште, бидејќи е премногу топло.

„Планирам Андрија да ја почне школската година во октомври, не дека е свилен него дека бев вчера на родителска во 19:00, во училница беше 37 степена, верувам дека во 12:00 попладне е 57 степена. Ако Центар конкретно нема решение, јас имам. Ќе фатиме уште некоја плажа, па нека полага. Ако нема начин најново школо во државава да има климатизација, што останува за другите школи и општини. 2024 – неклиматизиран простор. Па има еден период од денот кога сонцето е директ во училници. Не знам стварно дали сте нормални? Ај големиве, а целодневна? Замислете училница на сонце, без клима и деца што трчаат низ неа. Па кратко било, да издржиме. Ништо не издржуваме, ја би бојкотирала настава, само така. Во спротивно ќе си го повлечам детето што доаѓа со мокри гаќи и чорапи дома па ќе се договараме за пропуштем материјал“, напиша таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хезболах не знаел дека купува пејџери од…

Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…

74-годишна жена од Охрид заврши во болница…

Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…

Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…

Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…

ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…

20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…

20-годишен возач е тешко повреден откако со…