Бајден: Нетанјаху не прави доволно за да го гарантира договорот за заложниците
Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека е на чекор од презентирање на конечниот предлог за договор за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Газа, но додаде дека верува оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не прави доволно за да гарантира таков договор.
Бајден разговараше со новинарите во Белата куќа откако израелските сили изминатиот викенд ги пронајдоа телата на шест заложници, меѓу кои и 23-годишниот Израелец роден во САД, Херш Голдберг-Полин.
Нивните тела беа извлечени од тунел во Газа, каде што се наведува, биле убиени од членови на палестинскиот Хамас.
Тоа предизвика критики за стратегијата на администрацијата на Бајден за прекин на огнот во Газа и го зголеми израелскиот притисок врз Нетанјаху да ги врати преостанатите заложници дома.
Запрашан дали мисли дека Нетанјаху прави доволно за да го обезбеди договорот за заложниците, Бајден одговори „не“, но не даде детали.
На прашањето дали планира да им претстави конечен договор за заложниците на двете страни оваа недела, Бајден одговори: „Блиску сме до тоа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германски град препорача евакуација поради голем пожар…
Германски град во близина на белгиската граница…
„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…
ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…
Етаблираните партии, оние кои сега се власт…
Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…
Борот алепо повторно е посочен како „главен…
„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…
Болница во Пакистан користела исти шприцови за…