Објавено на:

Претпладне сончево, попладне невреме со пороен дожд

t

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови следува период на променливо облачно и посвежо време.

На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд од над 25 литри на квадратен метар за кратко време, грмежи, силен ветер од над 70 километри на час и град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…

Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…

АРСОВСКА ОТКРИВА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, открива кој…

„Призма“: Нови сомнежи за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)…

Манев тврди: Сакавме само грабнување, не убиство…

Обвинетиот Велибор Манев, преку својот адвокат Горан…

Бехтел и Енка со ВМРО ќе чини…

Ќе платат ли граѓаните речиси 4 милијарди…