Џабе лаги и префрлање на вина: МОН е одговорно што сѐ уште нема асистенти за децата со попреченост!

t

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, пред неколку денови изјави дека Министерството не е виновно што огласите за образовни асистенти се објавени доцна. Јаневска ги нападна директорите и стакна дека треба да си ја гледаат работата.

– Децата со попреченост имаат и ќе имаат асистенти. Досега се обезбедени 815 образовни асистенти, за останатите 200 асистенти се чекаше на ребалансот на буџетот, за да се обезбедат средства. Министерството за образование и наука ја заврши својата задача, а конкурсите за ангажирање на асистентите е обврска на училиштата со ресурсни центри и нивна задача е да планираат кога да го распишат и објават конкурсот. Зошто поставуваме директори на училишта, ако не си ги знаат своите основни обврски, нагласи Јаневска на новинарско прашање.

Јаневска или не ја знае, или се прави дека не ја знае процедурата за ангажирање на образовни асистенти за децата со попреченост.

Училиштата, ресурсните центри секогаш бараат до својот основач, во случајов основач на основните училишта е МОН, средства за врботување на кадар. Тие барања се испраќаат во јуни веќе неколку години наназад, а испратени биле и во јуни годинава. МОН треба да одговори на тие барања во најкраток можен рок. До минатата година, одговорот и огласите се добиваа во јули, бидејќи процесот за распишување и ангажирање на кадар трае околу еден месец. Процесот е долг бидејќи огласот трае три до пет деца, потоа сите кандидати мора да поминат соодветни процедури, интервјуа, тест за соодветно познавање на македонскиот јазик и слично. Тоа се сложени предмети кои најчесто ги работи поголема комисија.

Проблемот годинава е што МОН многу доцна одговорило на барањето на ресурсните центри, како што дознава Инфомакс, МОН одговорило на 15 август (четврток) ,а огласите за ангажирање на образовни асистенти од страна на ресурсните центри и училиштата беа објавени на 19 и 20 август.

Инаку, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски претходно во емисијата „Тешки муабети“ истакна дека Инфомакс ќе објави докази за местење на партиски лица за вработување на овие позиции.

Промената на личните образовни асистенти за децата со попреченост исто така може да биде шок бидејќи децата обично со години работат со ист човек, се навикнуваат на него, а проблем ќе биде и за новите асистенти за кои постои можност да не бидат веднаш прифатени од дечињата со посебни потреби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара…

Упад во системот на електронскиот дневник, кој…

МОН: Нови конкурси за сместување во студентските…

Министерството за образование и наука известува дека…

За вработените во образование утврдена минимална плата…

По неколку „tet-a-tet“ средби на претседателот на…

Џабе лаги и префрлање на вина: МОН…

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…

Под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“…

Пред самиот почеток на учебната година, јасно…