Црвена младина: 33 години зависни од ЕУ и НАТО, честит 8 Септември

t

На 8-ми септември 1991 година, Македонија официјално прогласи независност. Денес, триесет и три години подоцна, ја славиме нашата „независност“, но од што точно? – пишуваат од Црвена Младина.

Наместо независност, добивме триесет и три години зависност од Европската Унија и НАТО, трговски и политички врски кои ги жртвуваат нашите национални интереси. Иронијата на независноста е токму тоа што сега сме само уште една колонија во хибриден режим, каде што странските амбасади носат поголеми одлуки за иднината на земјата од македонските институции.

Добивме само уништување на нашата економија, со распродажба на ресурсите и со постојано вмешување во нашите внатрешни работи. Не го добивме ни ветениот просперитет од нивното интегрирање, туку само беда, сиромаштија и одлив на мозоци.

Затоа, денес „гордо“ ја честитаме 33-годишната зависност, со препорака да се преиспитаме дали навистина го одбравме правиот пат како држава. – велат од Црвена младина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвена младина: 33 години зависни од ЕУ…

На 8-ми септември 1991 година, Македонија официјално…

Левица: Владата со нови 65 милиони евра…

Министерството за финансии преку две аукции на…

(Видео) Мециновиќ: Ќе се бориме сѐ додека…

Нас како држава реално може да нѐ…

(Во живо)„Тешки муабети“ со Амар Мециновиќ

Следете ја во живо денешната епизода на…

Левица: Тони Коњановски учесник во најголемиот урбанистички…

На 43-тата Седница на Советот на Општина…