Уставното име е Република Македонија – делегација на Левица положи цвеќе по повод 8 Септември
На денешен ден 1991 година е одржан Референдумот за независност на Македонија! На Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани, односно 95,26% од оние кои гласале биле ЗА суверена и независна држава Македонија.
По тој повод, денес на 33 – годишнината од независноста на Mакедонија, делегација на Левица составена од членовите на Централниот комитет, Андреа Јанков, Гордана Ивановска и Марјан Димитриев, положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци на НОБ во Алејата на великаните во Бутел.
И овој 8 Септември потсетуваме дека Уставното име на државата е Република Македонија!
Референдумот одржан на 30 септември 2018 година, за промена на уставното име беше неуспешен. Оттука, промената на уставното име на државата, како последица на Преспанскиот договор, којшто насила го склучи тогашната квислингшка власт (без потпис од претседателот) е ништовен!
#Левица останува доследна на правото за самоопределување на народите и како партија не ги признава империјалистички наметнатите договори, спротивни на повелбата на ООН, коишто го нарушија суверенитетот на државата и угледот на Македонците!
Сметаме дека овие нелегитимни договори не треба да се почитуваат! Секоја наредна Влада која ги почитува истите, слободно, може да се смета за соучесник во најголемото предавство направено на македонскиот народ од тогашната влада на СДСМ. – соопштија од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…