Прекинат е огромен континуиран ланец на кражба на дрвни сортименти кои оперираа на територијата на Општина Кичево

t

Прекинат е огромен континуиран ланец на кражба на дрвни сортименти кои оперираа на територијата на Општина Кичево, соопшти Кире Михаилов, заменик-директор на ЈП Национални шуми.

– Одземени се камиони, трактори, поголема количина нелегално посечена дрвна маса и на лице место се заловени поголема група на луѓе кои учествувале во овие криминални активности!

Морам да изразам огромна благодарност на екипите на МВР кои во денешнава акција покажаа огромна професионалност, желба и решителност да се справат со секаков вид криминални дејанија кои се случуваат на територијата на МАКЕДОНИЈА!

Имено, веќе подолг период на територијата на ПШС “Лопушник” – Кичево оперираа групи кои на дневно ниво крадеа огромни количини дрвни сортименти и за истите енормно се богатеа!

Истиве групи имаа огромна логистика од повеќе институции и успешноста на денешнава акција бараше преголем и сериозен ангажман!

Истиве групи оперираа во оддели во кои ние како ЈП “Македонски Шуми” немавме никакви активности, што значи сите нивни активности во целост биле нелегални!

Конечно, денеска правдата ќе биде задоволена, а сите овие луѓе кои денеска беа затекнати во нелегални активности ќе бидат извадени пред лицето на правдата!

Во текот на наредниве денови ќе бидат превземени сите активности и против нашите вработени кои немо кумуваа на овој криминал!

И покрај тоа што денеска е недела и огромен празник за нашата МАКЕДОНИЈА, ние покажавме дека нема одмор се додека не ја вратиме ситуацијата во нормала!

Со денешнава акција сакаме да им покажеме на граѓаните на МАКЕДОНИЈА дека нема да постои време во денот, ноќта, месецот или годината во кое нема да си ја работиме нашата работа чесно, пожртвувано и достоинствено, онака како што сака нашиот народ и секако за она за кое на последниве избори граѓаните несомнено ни ја посветија својата максимална доверба!

Честит нека ни е денот на независноста,

вековита да ни бидеш МАКЕДОНИЈО – напиша Михаилов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остана ли некој нормален? Повторно пријавена украдена…

Скопјанецот Г.Ј. (63) денеска пријавил во полиција…

Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на…

Полицијата од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава…

Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…

Благодарение на силниот и истраен притисок од…

Жена ограбила книжарница во Штип

На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…

Уште една бронзена биста украдена од гробиштата…

Жител на Волково вчера пријавил дека од…