Истата лента 30 години – Мицкоски како сите пред него: Немаме друга алтернатива освен патот кон ЕУ

t

Во изминатите 33 години се соочивме и со многу предавства од страна на неодговорни политички лидери кои ги продаваа нашите национални интереси. Денес сме тука да се увериме дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. Имаме свои национални интереси и тие интереси ќе бидат заштитени по секоја цена. Нема да бидеме монета за поткусурување на никој. Ние ќе се бориме за нашите интереси и за нашето достоинство и ве уверувам дека ќе успееме!

Со говорот на премиерот, кој траеше нешто повеќе од 20 минути, а во кој тој се осврна на историските случувања кои доведоа до Референдумот и предизвиците кои и претстојат на државата, беше заокружена свеченоста на која претходно присутните гости имаа можност да проследнат пригодна културно-уметничка програма.

Како eден од принципите за пормени во државата тој го наведе исполнувањето на стратешката цел – членството во Европската Унија. Во врска со ова, Мицкоски рече дека е подготвен да разговара за секое прашање, но не е спремен за секоја отстапка по секоја цена.

„Немаме друга алтернатива, ниту пак постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми и повеќе пари и среден систем. И ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од Европскиот пат. Но, воедно мора се знае горкото чувство кое го има секој наш човек дека предолго чекаме пред вратите на Унијата, а вербата во таквата иднина е напаѓана со безброј политички препреки, наместо суштински и системски критериуми кои ќе го направат животот подобар. Затоа денес секој македонски граѓанин има грутка во грлото од премногу постапки и штетни договори. Спремен сум да разговарам за секое прашање, но не сум спремен за секоја отстапка по секоја цена. Дајте да направиме големи чекори и да градиме вистински процес на напредок“,

порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…