Ахмети: Македонските политички елити треба да бидат свесни за големата одговорност што ја имаат во градењето на државата

t

Денес претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети по повод 33-годишнината од независноста на Северна Македонија со статус на својата Фејсбук страница упати порака до политичките елити да работат за почит и еднаквост помеѓу заедниците.

-Пред 33 години Албанците се радуваа на одвојувањето од Југославија и ја креваа надежта за изградба на нова држава еднаква за сите. Но, тоа не се случи, новата македонска држава го продолжи српското наследство во Југославија, третирајќи ги Албанците како граѓани од втор ред. Ова доведе до војната во 2001 година и Охридскиот мировен договор. 23 години подоцна, гледаме дека сè уште има тенденции за мајоризација, за непочитување на демократската волја на Албанците од страна на партијата што ја претставува мнозинската заедница, за нарушување на етничкиот легитимитет со цел да се создадат слуги кај Албанците за нивната моноетничка политика.

Затоа, на оваа годишнина од независноста, ценам дека македонските политички елити треба да бидат свесни за големата одговорност што ја имаат во градењето на државата, почитувајќи ја политичката волја на Албанците и еднаквоста, бидејќи оваа држава ни припаѓа на сите нас и не може да биде изграден без почитуван етнички легитимитет, порачува Ахмети, стои во соопштението од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…

Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…

Родителите на нападнатите деца во Тетово се…

Уапсени шест лица во Србија и Словенија…

Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…