Објавено на:

(Видео) Дрон удри во магацин за гориво во Русија, се крева црн чад

t

Украинци со беспилотни летала нападнаа складиште за гориво во округот Волоконовски во Белгородската област, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

„По експлозијата се запалија 12 тенкови. Итните служби работат на теренот“, напиша Сергеј Бикетов, началник на областа Волокон на својот канал Телеграм.

Гладков потврди и дека на местото на настанот работат пожарникари и дека се уште се расчистуваат информациите за последиците од ударот.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа густ, црн чад како се издига над магацинот.

Регионот Белгород се наоѓа веднаш на границата со Украина и затоа е честа цел на украински напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…

Хрватска планира да ги зголеми средствата за…

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…

На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Бидејќи и вака се пласира од страна…

Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…

Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…