Истанбул го има најпрометниот аеродром во светот
Ново истражување на авијациско-аналитичката компанија „Цириум“ (Cirium) покажа дека најдобриот и најпрометен аеродром за патнички летови во светот е „ИГА Истанбул“ во Турција. На второто место е Аеродромот во Франкфурт во Германија, а трет е „Шарл де Гол“ во францускиот главен град Париз, пишува списанието „Конде наст травелер“ (Conde Nast Traveler).
Како дел од ова истражување, анализиран е бројот директни дестинации со коишто аеродромите нудат поврзување со други места во светот. Во таа смисла, прв меѓународен аеродром е тој во Истанбул, којшто работи само шест години и веќе стана лидер со 309 директни летови до 315 дестинации, како и речиси 90 милиони патници годишно (од јануари 2024 година).
Аналитичарите посочуваат дека предноста е во местополжбата на аеродромот, во градот „мост“ меѓу Европа и Азија.
Франкфурт има директни летови до 296 летови, а парискиот аеродром – до 282 лета. Следат Аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, Холандија, и Меѓународниот аеродром „О’Харе“ во Чикаго, САД, коишто се изедначени на четвртото место – со директни летови до 270 дестинации, а потоа следи Аеродромот во Дубаи со 269 летови.
Во првите 10 се и „Форт ворт“ во Далас, САД, (261 директен лет), „Шангај Пудонг“ во Кина (243), „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта (237) и Аеродромот „Леонардо да Винчи Фиумичино“ во Рим, Италија (234 директни летови).
„Хитроу“ – најголемиот аеродром во Лондон, со оглед на неговата историја и отвореност од речиси 80 години и сообраќајот, долго време беше еден од најдобрите светски аеродроми, но според новото истражување тој е на 12. место. Уште еден британски аеродром, исто така во Лондон – „Гетвик“ се најде на 14. место, со 221 лет до одредени дестинации ширум светот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…