ПАНДЕВ ЗГРМЕ: Ги повикувам Сејдини и Милевски да си поднесат неотповикливи оставки, чашата е прелиена!

t

Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал и поранешен долгогодишен капитен Горан Пандев оцени дека резултатот на македонската репрезентација против Фарски острови (1-1) е „понижувачки, кој ја прелеа чашата“ и ги повика претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и селекторот Благоја Милевски, да поднесат неотповикливи оставки.

„Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно шес години во Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред Европското првенство тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст, изјави Пандев во интервју за порталот Спортспорт.

Македонската репрезентација е во серија од седум натпревари без победа, за што, според Пандев, селекторот Милевски мора да преземе лична одговорност.

„Односот на теренот и изборот на Милевски за некои фудбалери е понижувачки за сите кои работиме во фудбалот и кои инвестираме во фудбалот во Македонија. Замислете Фарските острови во поголемиот дел од средбата ни покажа како треба да се игра, како да се контролира играта и да се создаваат шанси. Да, имавме зицер преку Чурлинов и Ќамили, но и тие имаа прилики за 2:1. За нив играше фудбалер во нападот, кој е резерва кај нас во Шкупи. Се е кажано! Не знам што е добро, каде е напредокот и како ќе играме во иднина кога работите се испуштени од контрола, чашата е прелиена и мора да се стави крај на сето ова“, посочи Пандев.

Легендата на македонскиот фудбал обелодени дела е вклучен во тимот за промени во македонскиот фудбал.

„Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се и Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите“, изјави Пандев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПАНДЕВ ЗГРМЕ: Ги повикувам Сејдини и Милевски…

Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот репрезентативен…

Откриен е „невидлив“ малициозен софтвер кој краде…

Аналитичарите на малициозен софтвер од компанијата Barracuda…

Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција –…

За опасни временски појави и опасност од…

Пожарот во Мариово е под контрола, но…

По осум дена е ставен под контрола…

Овие луѓе трошат повеќе од што имаат

Некои секогаш успеваат да стават пари настрана,…