Се тресе столчето на Милевски, може ли вечерва конечно да победи?

t

Македонската фудбалска репрезентација го заборави вкусот на победата, откако последниот триумф го запиша против Ерменија на 17 октомври 2023 година, а токму против истиот ривал денеска од 20.45 часот ќе се обиде да ја запише првата победа во новото издание на Лигата на нации.

Македонија разочара на стартот на натпреварувањето пред три дена, кога одигра нерешено на гостински терен кај Фарски Острови (1-1), иако беше фаворит во мечот, меѓутоа избраниците на Благоја Милевски имаа и негатива во дуелот.

Ерменија не си помина добро во последните два меча против Македонија, односно освен поразот од 1-3 во октомври, претходно доби и „петарда“ во 2021 година во квалификациите за Светското првенство (СП).

Селекторот Милевски најави дека дуелот против Ерменија ќе биде најважен во групата затоа што тоа ни бил директен конкурент за првата позиција, но нашите репрезентативци ќе мора да бидат внимателни со оглед на тоа дека Ерменија е во мини-серија од две победи по ред и сигурно нема лесно да се предаде во Скопје.

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра вечерва од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко си го тепал малото дете, мајката…

На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…

Раперот Дон Џони, кој сними спот во…

Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…

Маж приведен на ГП „Блаце“

На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…

Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец

Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа

Македонија се најде меѓу европските пазари со…