(Фото) Директорот на ДЗС фотографиран со криминалец во бегство обвинет за тероризам – Ќе го повика ли Панче на информативен разговор?!

t

Во сооштение до јавноста Владата на Република Македонија на 20.08 годинава објави дека Џеват Селами, е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Селами е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување.

Имено Селами е кадар на ВЛЕН и е именуван како директор како дел од распределбата на колачот по формирањето на Владата.

Новиот директор на ДЗС кадар на Влен неодамна на социјалните мрежи има објавено фотографија со Фадил Точи.

Точи Фадил е баран по потерница издадена од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за извршени тешки кривични дела. Фадил Точи е познат како дел од криминалната група на Агим Красниќи.

Тој бил уапсен во 2009 година заедно со Красниќи, осуден за повеќе кривични дела, како што се тероризам, убиство во обид, напад врз полицајци, тешка кражба, разбојништво , изнуда, фалсификување и други дела.

Што бара директорот на ДЗС да се фотографира со осуден криминалец во бегство, обвинет за тероризам?

Друго прашање кое се поставува е дали Панче Тошковски или обвинителството ќе го повикаат Селами на информативен разговор во врска со информации за бегалецот од правдата во Македонија?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…

Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…

Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Полски аплинист падна во недостапен предел на…

Голема спасувачка операција започна денес откако полски…

Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…

Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…

Италија со нов систем за пресметка на…

Возачите што патуваат низ Италија би можеле…