Ванчо Ѓорѓиев е нов претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија

t

Владата на затворена седница го избра новиот состав на Комисијата за историски прашања со Бугарија. За претседател е назначен Ванчо Ѓорѓиев, професор на Факулетот за историја во Скопје.

Ѓорѓиев порано беше член на комисијата, но ја напушти во 2021 година тврдејќи дека имало политички притисоци во нејзиното работење.

Во новата комисија нема место за досегашниот претседател, Драги Ѓорѓиев, кого премиерот Христијан Мицкоски го обвини дека не ги штител доволно националните интереси. Во комисијата не е ни формално нејзиниот втор човек, историчарот Петар Тодоров.

Во новиот состав на комисијата е Александар Литовски кој е историчар. И тој беше член на историската комисија во периодот 2018 до 2020 година. Вработен е во Институтот за национална историја и ја истражува новата историја.

Други членови на комисијата се: Митко Панов, историчар од Институтот за национална историја; Никола Минов, професор по историја на Филизофскиот факултет; Сашо Додевски, насловен доцент од Институтот за историја на Филозофскиот факултет; Бесник Емини, историчар од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје; и Димитар Љоровски, историчар, вработен во Институтот за национална историја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…