Објавено на:

„Го подготвувам моето семејство за сценарија на судниот ден веќе 10 години! Имаме резерви на храна, оружје …“

t

Таа вели и дека нејзиниот сопруг Дерек, со кој е во брак 15 години, на почетокот не бил ентузијаст за нејзиниот животен стил. Но, потоа дојде пандемијата …

Се подготвувам за секое можно сценарио. За нова пандемија, граѓанска војна, 3 светска војна … Секогаш се подготвуваме за најлошото, но се надеваме на најдоброто, вели Американката Кристал (36), позната и како „Кралицата на судниот ден“, пишува “Mirror”.

Оваа мајка на три деца десет години се подготвува за потенцијални апокалипси, а досега на подготовки потрошила повеќе од 20.000 долари.

„Мојата сегашна цел е да имам храна со која можеме да преживееме три години. Во мојата градина одгледувам овошје и зеленчук, дедо ми ме научи кога бев девојче како да го ’продолжам‘ рокот на траење на храната“, вели Кристал. Ја купуваат храната на големо, бараат попусти …

Таа вели и дека нејзините деца и сопруг се среќни поради овие подготовки, дека тоа е нешто што ги прави да се чувствуваат безбедно.

„Се надевам дека моето семејство секогаш ќе биде во безбедна средина“, вели Кристал.

Тие се загрижени и за потенцијални големи немири.

„Веќе видовме насилни протести кои се шират низ Америка. Треба да се подготвите, не сакам да го ставам моето семејство во неповолна ситуација“, вели таа.

Таа вели и дека нејзиниот сопруг Дерек, со кој е во брак 15 години, nна почетокот не бил ентузијаст за нејзиниот животен стил. Но, тогаш дојде пандемијата …

„Кога го видов тој хаос, знаев дека ова е вештина што треба да ја всадиме кај нашите деца“, вели Дерек.

Во куќата имаат посебни простори каде чуваат храна и други потреби во случај на катастрофа. Имаат доволно храна за да преживеат година и пол, големи количини лекови, имаат и оружје, подготвени кеси во случај да мора брзо да излезат од дома.

Конзервираната храна што ја има, вели, важи за следните 25 години. Има овошје, зеленчук, месо, ориз, тестенини … Имаат и специјални уреди кои им помагаат да ја подготват храната пред да ја стават во својот магацин …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…