Лидерот на косовскиот фудбал им се заканил на репрезентативци дека ќе им ги – скрши нозете!
Сериозен скандал ја тресе фудбалската репрезентација на Косово, откако фудбалерите Едон Жегрова, Аријанет Муриќи и Флорент Муслију беа исфрлени од националниот тим поради нарушување на дисциплината.
Тие по поразот од Романија (0-3) останале до доцна во ноќен бар што не им било првпат, но досега скандалите биле чувани од медиумите и јавноста. Тројцата, овој пат, мораа да го напуштат репрезентативниот камп со одлука на селекторот Франк Фоде. Косовските медиуми дури тврдат дека претседателот на косовската федерација, Агим Адеми, бил толку бесен кога дознал што се случило што им рекол на играчите дека ќе им ги „скрши нозете“.
Фудбалерите тврдат дека немало консумирање алкохол, но одлуката на селекторот останала на сила.
„Одлуката што беше донесена во врска со нас не е фер, а гласините што кружат за тоа воопшто не се точни“, кратко изјави Муриќи, кој објасни дека заедно со соиграчите навистина излегол, но на вечера, а не да се забавува и пие алкохол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…