(Видео) Трамп: Орбан вели дека сум најпочитуваната личност од која се плашеа Русија и Кина
Поранешниот американски претседател и актуелен републикански кандидат Доналд Трамп синоќа, на првата дебата со својата противкандидатка од редовите на демократите, во одреден контекст ги наведе своите блиски врски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, одговарајќи на обвинувањата на Камала Харис.
Во дел од дебатата, Харис рече дека како актуелна потпретседателка на Соединетите Американски Држави имала можност да се сретне со многубројни светски лидери, за кои кажа дека му се потсмеваат на Доналд Трамп.
На ова Трамп кажа дека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кого го оквалификува како еден од најпочитуваните и паметни луѓе, за него рекол оти е човек од кого се плашеле големите сили како Кина и Русија.
„Дозволете ми да кажам за светските лидери, за Виктор Орбан – еден од најпочитуваните луѓе, силен и паметен човек, премиер на Унгарија. Луѓето прашуваат: ‘Зошто целиот свет се распаѓа. Пред три години не беше така’. Орбан на тоа вели: ‘Бидејќи ви е потребен Трамп како претседател. Се плашеа од него’. Не сакам да го користам зборот ‘исплашени’, но го цитирам него – ‘Кина беше исплашена од него, Северна Кореја беше исплашена од него, Русија беше исплашена од него’“, рече Трамп реплицирајќи ѝ на Камала Харис.
„Виктор Орбан го кажа тоа – ‘најпочитуваниот и човек од кого најмногу се плашеа беше Доналд Трамп. Немавме проблеми кога Трамп беше претседател’“, додаде кандидатот на Републиканската партија.
Во синоќешната прва, и потенцијално единствена претседателска дебата меѓу кандидатите на Републиканците и Демократите, Доналд Трамп и Камала Харис, тие се осврнаа и на надворешната политика и актуелната геополитичка состојба во светот, меѓу другото, за актуелните конфликти во Украина и Газа.
Прашана како би обезбедила мир во Газа, Харис порача дека е потребен договор за прекин на огнот.
Трамп, пак, ја обвини оти го мрази Израел. Додаде дека доколку биде избран за претседател тоа ќе ја ресетира геополитичката состојба во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бехтел и Енка со ВМРО ќе чини…
Ќе платат ли граѓаните речиси 4 милијарди…
Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука,…
Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере…
(Документи+Видео) На крајот парите завршувале во ВМРО-ДПМНЕ?!…
Македонија се соочува со најголемата измама и…
Брука невидена! Државата пак ќе собира донации…
Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со…
Распад на енергетскиот систем: Управа со измислени…
После 10 дена од испаѓањето на РЕК…