Филков: Грција е наш поддржувач на патот кон ЕУ

t

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со амбасадорката на Грција во нашата земја, Софија Филипиду на која се дискутираше за одличната билатерална соработка која ја имаме во изминатиот период во различни области.

Се разговараше за реформите во правосудството, владеењето на правото, како и соработката на Академиите за судии и јавни обвинители на двете држави што ќе биде од големо значење за приближување на нашето со европското законодавство.

Грција ги подржува европските аспирации на Република Македонија и се подготвени да обезбедат стручна помош за олеснување на процесот преку организирање на работилници, официјални посети и средби на експертско ниво.

Очекувањата се да се интензивираат на напорите за целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа од страна на двете држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…

Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…

„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…