Маќедонци: Косово набавува 246 американски Џавелини
Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци изјави дека 246 американски противтенковски ракети „Џавелин“ ќе се најдат во инвентарот на КБС во вистинско време, без да прецизира точен датум за таа испорака, пренесува Газета експрес.
Маќедонци на прес-конференцијата по владината седница во средата соопштија дека до крајот на годинава се очекува исплатата на втората рата за набавка на ова оружје.
„Што се однесува до ракетите Џавелин, Министерството продолжува со постапките за набавка. Првата рата е платена во март годинава, додека втората рата ќе ја платиме до крајот на годината. На добар пат сме овој систем да го имаме на вистинското време“, рече тој.
На 11 јануари американскиот Стејт департмент ја прифати продажбата на Косово на 246 ракети „Џавелин“ во вредност од околу 75 милиони долари. Барањето е испратено до Конгресот на САД, кој го одобри купувањето во февруари оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…