Кривична пријава за кочанец, произведувал екстракти од марихуана иако дозволата му истекла пред две години

t

Седумдесет и тригодишен кочанец заработи кривична пријава поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, во магацинските простории на својата фирма во Кочани, вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели и покрај тоа што дозволата за оваа дејност му завршила во 2022 година.

На 15 февруари 2024, при претрес во магацинските простории, биле пронајдени и одземени 122 кг. марихуана и 31,39 литри масло од канабис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и…

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за…

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…

Газда на фирма не пријавил данок од…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…