ОФИЦИЈАЛНО: Големиот „мозок“ ќе гради шампионски болид за Астон Мартин!

t

Она што веќе некое време се шпекулираше, дојде до исполнување: Адриан Њуи е нов член на Астон Мартин и ќе почне со работа во тимот од први март 2025 година.

За многумина кои не се доволно упатени во Формула 1, неговото име не значи многу. Сепак, се работи за еден од најдобрите, ако не и најдобриот дизајнер на болиди во последните две децении. Веќе некое време беше јасно дека Њуи заминува од Ред Бул, со кои освои многу титули низ годините. Главниот креатор на шампионските болиди на австрискиот тим се пресели во Астон Мартин и ќе почне со работа во изградбата на болид за новата генерација од 2026 година.

Адриан Њуи се поврзуваше и со Ферари, меѓутоа италијанскиот тим не може да му гарантира слобода и автономија како Астон Мартин, а реално гледано важен е и финансискиот аспект. Според шпекулациите, Њуи во Астон Мартин ќе заработува 100 милиони евра годишно.

Во тимот моментално возат Ленс Строл и Фернандо Алонсо, па адицијата на Њуи може да биде сериозно засилување „зад кулисите“. Потписот со легендарниот дизајнер е само потврда за највисокиет амбиции на Астон Мартин да изгради шампионски болид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…

Јасин Мустафа, дете од година и пол,…

Регистрирани 15 пожари на отворено – седум…

Вкупно 15 пожари на отворен простор се…

Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и…

Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена…

Разбиена руска шпионска операција во Шведска

Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…

Трагедија на Халкидики: српски турист извлечен мртов…

Од морето во областа Сарти, на Халкидики,…