Русите засилија во Курск, украинците во тешка ситуација

t

Руските сили за два дена ослободија 10 населени места во областа Курск, соопшти Министерството за одбрана.

Под руска контрола беа вратени следните населби: Апанасовка, Бјахово, Вишнивка, Викторовка, Вњезапно, Гордејевка, Краснооктјабрско, Обуховка, Снагост и Десетти октомври. Според извештаите, украинските сили изгубиле повеќе од 300 војници и пет тенкови во изминатите 24 часа. Во текот на изминатиот ден руските сили одбиле два контранапади на украинската армија во правец на населбите Фанасеевка и Снагост, како и четири обиди на украинските вооружени формации да ја пробијат државната граница во правец на Нови Пут и Медвежје.

Непријателот загуби до 55 војници. Руската авијација изврши напад врз персоналот и опремата на десет украински бригади во областа Курск и изврши напад врз 12 бригади во регионот Суми, се наведува во соопштението. Министерството објави дека Украина изгубила повеќе од 12.500 војници од почетокот на борбените операции во насока Курск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински новинар тврди дека Украина подготвува копнена…

Украинскиот новинар и аналитичар Сергеј Пављученко тврди…

Високите трошоци за живот и протестите во…

Европратениците повикаа на итни мерки за справување…

Синот на Кадиров добил српско државјанство под…

Деветнаесетгодишниот Али Кадиров, син на чеченскиот лидер…

Приведено лицето кое упатуваше закани кон новинарот…

Триесет и осумгодишен жител на Кичево е…

Војната меѓу Русија и Украина се шири…

Украинските напади врз руски воени и товарни…