Трамп со остра изјава: Бајден не знаеше како да разговара со Путин и сега затоа милиони луѓе се мртви
Доналд Трамп, кандидатот на републиканците на претседателските избори во САД, изјави дека е неопходно да се стави крај на војната во Украина, велејќи дека ги познава претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, додавајќи дека и двајцата „ многу го почитуваат.
„Ќе разговарам со двајцата и ќе ги натерам да седнат и да се договорат. (Американскиот претседател Џозеф) Бајден не знаеше како да разговара со Путин и сега милиони се мртви. Тоа води до Трета светска војна, а сега не ни знаеме каде е нашиот претседател. Тој дури и не знае дали е жив“, рече Трамп за време на дебатата со демократската кандидатка Камала Харис на телевизијата ABC.
Тој додаде дека во интерес на САД е да се стави крај на војната. Трамп изјави дека Русија има нуклеарно оружје, но дека никој не зборува за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: „Договорот на САД со Данска и…
„Овој историски договор претставува голема победа за…
Пентагон разгледува повлекување на десетици илјади американски…
Една од најголемите геополитички вести во Европа…
АЛАРМ ВО ФРАНЦИЈА: Секоја деветта бензинска има…
Франција се соочува со сè посериозни проблеми…
Литванија предупредува на можни руски операции под…
Безбедносните служби во балтичките земји се во…
Пет земји бараат пауза во пристапниот процес…
Холандија побарала пауза во процесите што се…