И ОВА СЕ СЛУЧИ – Украинскиот голман препливал една од најголемите реки во Европа за да ја избегне војната!
Украинскиот портал “Спорт Експрес” објави неверојатна приказна за Денис Шеликов, 35-годишен голман кој решил да ја преплива Тиса, една од најголемите реки во Европа, за да избега од земјата разурната од војна.
Шеликов допливал до Унгарија и малку подоцна потпишал за белоруската Славија Мозир, тамошен прволигаш.
Да потсетиме, од почетокот на војната во Украина, на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години им беше забрането да ја напуштаат земјата, но илјадници од нив успеаја да побегнат и покрај тоа.
Шеликов бегството го подготвувал два месеци, доаѓајќи до реката каде вежбал пливање со помош на пераи, пишува Index.hr.
Шеликов е поранешен младински репрезентативец на Украина, а последен клуб во татковината му беше Викторија од Суми. Најголем клуб за кој играл во кариерата е Днипро. “Спорт Експрес” успеал да стапи во контакт со Шеликов, кој им рекол:
„Кој сте вие, обвинители, да ми поставувате такви прашања? Прашајте ја граничната контрола. Да не си ми поставил такви прашања, разбираш? Ти не си никој да ми поставуваш такви прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…