Објавено на:

Орбан: Што и да одлучи Брисел, Унгарија нема да биде имигрантска земја

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека неговата земја нема да стане имигрантска, без оглед на одлуките и постапките на Брисел.

Орбан истакна дека од 2015 година, кога мигрантската криза достигна својот врв, Унгарија постојано ја истакнува важноста на заштитата на надворешните граници на Европската унија.

„Наместо да се жалиме и да избегнуваме одговорност, земјата се сврти кон акција, подигна ограда и ги запре мигрантите. Унгарија е за Унгарците, точка,“ изјави Орбан во интервју за Радио Кошут, пренесува МТИ.

Британските медиуми известуваат дека Орбан е сигурен дека Европската комисија ќе ја надомести на Унгарија трошоците за заштита на надворешната граница на ЕУ од нелегалната миграција.

Во 2015 година, Унгарија ја затвори главната транзитна рута за стотици илјади баратели на азил кои бегаа од војна и сиромаштија, што го зголеми поддршката меѓу граѓаните, но истовремено предизвика сериозни критики од многу сојузници на ЕУ.

„Унгарија мора да биде обештетена за трошоците што ги имаше при заштитата на границите,“ рече Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Што и да одлучи Брисел, Унгарија…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Украински Генералштаб: Русите изведоа над 4.000 напади…

На украинскиот фронт во изминатите 24 часа…

Харис го зголеми водството во најновата анкета…

Потпретседателката на САД, Камала Харис, ја зголеми…

Мицкоски не знае како да ги намали…

Запрашан дали ќе се намалуваат платите на…

Tрамп нема да учествува во дебати до…

олемиот шоумен штотуку им сврте грб на…