Објавено на:

Внуката на Мусолини ја напушта партијата на Мелони затоа што е „премногу десничарска“

t

Ракел Мусолини, внуката на поранешниот италијански диктатор Бенито Мусолини, денеска изјави дека ја напушта партијата „Браќата на Италија“ на премиерката Џорџа Мелони, бидејќи е „премногу десничарска“ и дека ќе премине во партијата „Напред Италија“.

„Напред Италија“ е дел од владејачката коалиција, но се смета за полиберална по прашањето за граѓанските права, пишува „Гардијан“.

„Време е да се приклучам на партија за која верувам дека е поблиска до моите ставови“, изјави Мусолини (50) за Анса.

Партијата „Браќата на Италија“ потекнува од италијанското социјално движење (МСИ), кое беше основано од поддржувачите на Мусолини по Втората светска војна.

Откако ја презеде функцијата во 2022 година, Мелони се обидува да ја претстави партијата како центристичка конзервативна група.

Напред Италија, дел од владејачката коалиција, се претставува како партија која ги брани традиционалните христијански вредности, но се смета за полиберална по прашањето за граѓанските права.

Извор за Ројтерс изјави дека правните прашања одиграле клучна улога во одлуката на Мусолини да ја смени партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внуката на Мусолини ја напушта партијата на…

Ракел Мусолини, внуката на поранешниот италијански диктатор…

Орбан: Што и да одлучи Брисел, Унгарија…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Украински Генералштаб: Русите изведоа над 4.000 напади…

На украинскиот фронт во изминатите 24 часа…

Харис го зголеми водството во најновата анкета…

Потпретседателката на САД, Камала Харис, ја зголеми…