Со ново одделение, ЈО ќе се бори против корупцијата
Со 8 обвинители во ново одделение за сериозен и сложен криминал, Основното јавно обвинителство ќе ја зголемува ефикасноста во насока на поефективна борба против корупцијата.
„Ова одделение ќе постапува по предмети за кривични дела за кои е пропишана казна доживотен затвор со поголем број обвинети и обем на докази, предмети во кои се спроведуваат финансиски истраги, сложени предмети со поголем број кривични дела, обвинети или обем на докази и предмети од исклучителен интерес на јавноста“, се вели во соопштението на Обвинителството.
За шеф на новото одделение скопскиот обвинител Гаврил Бубевски го назначил Владимир Милошевски, познат по неколку звучни предмети, меѓу кои и Поткуп против екс премиерот Зоран Заев, како и автобуската несреќа во Бугарија.
Од обвинителството велат дека на ваков чекор се одлучиле поради поголемиот прилив на предмети оваа година кои дојдоа по измените на кривичниот законик, но и зголемениот обем на потешки облици на криминал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…
Јавен повик од семејствата на загинатите во…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
ОЈО не се откажува од гонење на…
Колку е сигурно Обвинителството дека бендот е…