Критична ноќ во Централна Европа – поплавите во Романија однесоа пет животи, во Полска „најлошото допрва доаѓа“, бариери во Прага
Големи поплави ги погодија земјите од централна Европа. Пет лица загинаа во невреме во источна Романија. Во Чешка нивото на водата достигна опасно ниво во десетина области низ земјата, поплавувајќи куќи и патишта во неколку градови и села. Во Полска, како мерка на претпазливост, властите предупредуваат дека „најлошото допрва доаѓа“. Нивото на водата на Дунав им се заканува на Будимпешта и Братислава. Предупредувања во Германија, Австрија и Словенија. На Алпите веќе падна првиот снег.
Официјалните служби во неколку централноевропски земји предупредија на силно невреме и поплави за време на викендот во Чешка, Полска, Австрија, Германија, Словачка и Унгарија, а во меѓувреме веќе падна првиот снег на повисоките места.
Невремето погоди 19 места во осум окрузи во Романија, а силниот ветер собори десетици дрвја, оштетувајќи автомобили и блокирајќи ги патиштата и сообраќајот.
Романските спасувачки служби се бореле да спасат 95 луѓе во тешко погодените романски источни области Галати и Васлуи, соопшти Одделот за вонредни ситуации, пренесува АП.
Телата на три постари жени и двајца мажи се пронајдени во градовите Пекеа, Драгушени, Костаке Негри и Кород, се наведува во соопштението.
Хеликоптер Black Hawk е распореден во Галата за да помогне во мисиите за пребарување и спасување.
Романскиот министер за животна средина Мирчеа Фекет изјави за АП дека во некои поплавени подрачја наврнале повеќе од 160 литри дожд на метар квадратен, што, како што истакна, ретко се случува.
Претседателот Клаус Јоханис изрази сочувство до семејствата на жртвите и нагласи дека е неопходно „да се зајакнат капацитетите за спречување на екстремни временски феномени“ во услови на климатски промени.
Обилните поплави кои зафатија голем дел од земјата однесоа човечки животи и предизвикаа значителни штети. Повторно се соочуваме со ефектите од климатските промени, кои се сè поприсутни низ целиот европски континент, со драматични последици за луѓето“, предупреди Јоханис.
Романскиот премиер Марсел Чолаку ги откажа планираните активности за патување во округот Галати и проценка на последиците.
Обилните дождови и силните ветрови оставија повеќе од 63.000 домаќинства без струја, соопшти чешката компанија за дистрибуција на електрична енергија ЧЕЗ.
Во Прага, која се наоѓа на брегот на Влтава, се поставени бариери.
Во Брно, вториот по големина град во Чешка, болница беше евакуирана, заедно со десетици цивили, додека неколку железнички линии беа затворени откако беа поплавени или соборени од дрвја.
„Мора да бидеме подготвени за најлошото сценарио. Пред нас е тежок викенд“, изјави чешкиот премиер Петр Фијала по состанокот на централниот кризен комитет на владата.
Критична ноќ во Полска, „најлошото допрва доаѓа“
Во исто време, во Полска, десетици луѓе беа евакуирани како мерка на претпазливост од две села во близина на градот Ниш, откако метеоролозите предупредија на невидени врнежи.
Водостојот на некои реки опасно се зголеми, изјави министерот за внатрешни работи Томас Симониак, предупредувајќи дека „најлошото допрва доаѓа“.
Во Глухолаза, историски град во југозападна Полска, во близина на границата со Чешка, пожарникарите натрупале стотици вреќи со песок покрај надојдената река, а некои жители биле евакуирани.
„Се соочуваме со критична ноќ, потребна е целосна мобилизација“, рече премиерот Доналд Туск на платформата Х.
Дунав им се заканува на Будимпешта и Братислава
Унгарија очекува во наредните денови водостојот на Дунав да се доближи до рекордно ниво, а властите во понеделник ќе ги затворат долните кејови во Будимпешта.
„Бранот поплава се очекува да достигне максимум од околу осум метри во втората половина на следната недела“, изјави градоначалникот на унгарската престолнина, пренесе Ројтерс.
И властите во соседна Словачка предупредија на опасност од можни поплави во главниот град Братислава поради надојдениот Дунав.
Официјалните служби во неколку централноевропски земји предупредија на силно невреме и поплави за време на викендот во Чешка, Полска, Австрија, Германија, Словачка и Унгарија, а во меѓувреме веќе падна првиот снег на повисоките места.
Поплави во Романија и Чешка
Невремето погоди 19 места во осум окрузи во Романија, а силниот ветер собори десетици дрвја, оштетувајќи автомобили и блокирајќи ги патиштата и сообраќајот.
Романските спасувачки служби се бореле да спасат 95 луѓе во тешко погодените романски источни области Галати и Васлуи, соопшти Одделот за вонредни ситуации, пренесува АП.
Телата на три постари жени и двајца мажи се пронајдени во градовите Пекеа, Драгушени, Костаке Негри и Кород, се наведува во соопштението.
Хеликоптер Black Hawk е распореден во Галата за да помогне во мисиите за пребарување и спасување.
Романскиот министер за животна средина Мирчеа Фекет изјави за АП дека во некои поплавени подрачја наврнале повеќе од 160 литри дожд на метар квадратен, што, како што истакна, ретко се случува.
Претседателот Клаус Јоханис изрази сочувство до семејствата на жртвите и нагласи дека е неопходно „да се зајакнат капацитетите за спречување на екстремни временски феномени“ во услови на климатски промени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Критична ноќ во Централна Европа – поплавите…
Големи поплави ги погодија земјите од централна…
Во Италија запленети кокаин вреден 100 милиони…
Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки…
Рот: Ова не е моја Европа
Германскиот политичар Михаел Рот не е задоволен…
Најмалку 28 загинати во поплавите во Индија:…
Најмалку 28 лица загинаа во последните три…
„Албанија горда“, напиша Рама откако аеродромот во…
Неколку години по ред бројот на патници…