Најмалку 30 цивили се повредени во руски воздушен напад врз станбена зграда во Харков

t

Најмалку 30 лица, меѓу кои три деца, се повредени откако руска наведувана бомба погоди станбена зграда во северозападниот украински град Харков, соопшти локалните власти, пренесува БТА.

– Ударот предизвика пожар во повеќекатната станбена зграда, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Олег Синегубов. Тој додаде дека има поголема штета на цивилната инфраструктура.

Харков е еден од најголемите градови во Украина и клучен индустриски центар лоциран блиску до границата со Русија. Градот постојано е цел на руски напади со гранати, ракети и беспилотни летала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германците поддржуваат испраќање меѓународни сили во Украина,…

Поголемиот број Германци ја поддржуваат идејата за…

Северна Кореја тврди дека во Јужна Кореја…

Северна Кореја оцени денеска, по повод импичментот…

Судскиот совет избира наследник на Весна Дамева

Судскиот совет денеска на седница ќе избира…

Обвинение против десет лица осомничени за криумчарење…

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката…

ТАЖНО: Скопје e прв најзагаден град во…

Скопје утрово е најзагаден град во Европа…