Зеленски се пожали пред Американците: Губиме многу луѓе

t

Украинските војници трпат големи загуби поради бавното пристигнување на западното оружје за соодветно опремување на вооружените сили, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Си-ен-ен.

Зеленски истакна дека ситуацијата во источниот дел на земјата е „многу тешка“, додавајќи дека половина од украинските бригади таму не се опремени. Руските сили упорно продираат кон Покровск, сообраќајниот јазол кон Донбас.

– Значи губиме многу луѓе. Ги губиме луѓето затоа што не се во борбени возила… немаат артилерија, немаат артилериски гранати – изјави Зеленски.

Тој, исто така, забележа дека оружјето ветено од САД и европските земји пристигнува многу бавно.

– Потребни ни се 14 бригади за да бидеме подготвени. Досега… од овие пакети не сме опремиле ниту четири – додаде украинскиот претседател.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливен, во саботата изјави дека Вашингтон работи на нов „значителен“ пакет со помош за Украина.

Зеленски овој месец треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе му претстави план за крај на војната. Главните елементи се безбедносна и дипломатска поддршка, како и воена и економска помош, најави Зеленски.

Се очекува тој да му ги повтори на Бајден барањата да и се дозволи на Украина да користи американско оружје со долг дострел за да напаѓа длабоко на руска територија.

– Единственото нешто од што се плаши рускиот претседател Владимир Путин е реакцијата на неговиот народ ако цената на војната ги натера да страдаат. Направете ја Украина силна и ќе видите дека тој ќе седне и ќе преговара – додаде Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…

Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…

Одбраната на екс директорот Анакиев: Ниту барал…

Ексдиректорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе…

Трамп направи исклучок: САД повторно издаваат иселенички…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела продолжи…

Норовирус во Словенија? Над 460 ученици отсуствуваат…

Словенечките здравствени власти испитуваат што предизвикало масовни…

Швајцарија го имаше најтоплото лето

Швајцарија го регистрираше најтоплото лето откако се…