Објавено на:

Зеленски: Обидот за атентат врз Трамп е политичко насилство

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди „политичкото насилство“ во врска со наводниот обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат на САД, Доналд Трамп.

„Политичкото насилство нема место ни во една земја“, изјави Зеленски на платформата X, додавајќи дека е „добро што осомничениот за обидот на убиство брзо бил уапсен“.

Зеленски не ја коментираше врската на осомничениот со Украина, која беше објавена од некои медиуми.

Агенти на американската тајна служба отвориле оган врз лице вооружено со полуавтоматска пушка, кое го насочило оружјето кон голф-клубот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Флорида, додека Трамп играл голф.

Трамп е неповреден и безбеден, соопшти полицијата, а Федералното истражно биро (ФБИ) го истражува инцидентот како „обид за убиство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…