Уставниот суд ќе одлучува за законитоста на „балансерот“

t

Предметот за „балансерот” кој е оформен по поднесена иницијатива од стариот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), утре е на дневен ред на седницата на Уставниот суд.

– Оспорени се член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“ од Законот за вработените во јавниот сектор, член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“ од Законот за административни службеници и член 2 став 1 алинеја 8 и член 3 алинеја 1 во делот „припадност на заедница” од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор, во делот „припадност на заедница“, информираат од Уставниот суд.

Антикорупциската комисија на седницата одржана на 11 јануари годинава одлучи да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за преспитување на алатката „балансер“, бидејќи сметаат дека со ова се прават злоупотреби при вработувањата.

ДКСК смета дека иако имало позитивен резултат во етнички вработувања, во изминатите години станало евидентно порастот на бројот на вработени без реални потреби и без просторни услови во институциите, а практиката покажала дека кандидатите за да се вработат ја наведуваат етничката припадност што се бара во конкурсот.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев останува на ставот дека балансерот треба да биде укинат, но топката ја префрлува на Уставниот суд. Во неодамнешното интервју за „Локално“ појасни дека дигиталната алатка ја губи својата намена за која е создадена и дека оваа ситуација е нотирана и во скрининг извештајот на Европската комисија.

Како што кажа Минчев уште во јули, злоупотребите што се случуваа се главната причина, балансерот повеќе да не постои во формата како досега, туку стручноста да биде пред етничката припадност.

Идејата е да се промени методологијата при вработувањето и определена етничка припадност да не може да се смени за потребата на некој конкурс. За почеток, ќе се користат бројките од последниот попис и калкулацијата ќе се прави врз основа на резидентното население, а не на вкупно попишаното.

Алатката „Балансер“ почна со примена во 2015 година, со цел постигнување на уставното начело за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во институциите во јавниот сектор. Преку неа електронски се врши распределба на планираните нови вработувања согласно соодветната и правична застапеност. Екс-министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити во август 2022 година, во балансерот ги вметна процентите од вкупно попишаното, а не од резидентното население на ланскиот попис, што предизвика реакции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Балансерот“ до Нова година ќе ги замрзне…

До Нова година ќе нема никакви вработувања…

Нема вработување по етничка припадност додека Уставен…

Уставниот суд вчера ја прифати иницијативата на…

Уставниот суд денеска ќе расправа за „балансерот“

Уставниот суд на денешната седница ќе расправа…

Уставниот суд ќе одлучува за законитоста на…

Предметот за „балансерот” кој е оформен по…

Минчев: Балансерот останува во сила, но може…

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, изјави…