Маја Темелкова Сотирова е нов Началник на РЦ Север, доаѓа на местото на разрешениот Наим Рамука
Маја Темелкова Сотирова е назначена за Началник на Регионалниот Центар за Гранични Работи Север, дознава Инфомакс од сопствени извори. Темелкова Сотирова е назначена на позицијата на местото на разрешениот Наим Рамука кој, како што објавивме претходно, веше разрешен вчера вечер, а се товари дека лично го пренел преку граница терористот на УЧК баран со меѓународна потерница од Интерпол, Блерим Рамадани.
Темелкова Сотирова е долгогодишна вработена во МВР, работела на граничниот премин на скопскиот Аеродром и била главен Инспектор за Гранични Проверки и Граничен Надзор во ОГРМ БЈБ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…
Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…