Актерот Сергеј Трифуновиќ уапсен на границата меѓу Србија и Хрватска
Хрватската полиција го уапси српскиот актер Сергеј Трифуновиќ на границата со Србија, на преминот Бајаково.
Сергеј синоќа околу полноќ е уапсен на граничниот премин. Имено, тој е приведен додека се обидувал да ја премине српската граница и да влезе во Хрватска, пишува Слободна Далмација.
Хрватската полиција излезе со официјално соопштение за случајот со српскиот актер.
-Утврдено е дека постои основано сомнение дека мажот сторил прекршоци по членовите 5 и 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, поради што денеска е спроведен во службени простории.
Трифуновиќ и лани имаше проблеми во полицијата и тоа во Сплит, а беше пријавен за две кривични дела – чување животно без надзор и навреда на полицајци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Бегај повика на смиреност и изрази подготвеност…
Албанскиот претседател Бајрам Бегај повика на смиреност…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Зеленски ѝ одговори на Ле Пен: Придонесуваме…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на најавата…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…