Објавено на:

Сијарто ја критикуваше Фон дер Лајен поради отфрлувањето на Вархеји од функцијата еврокомесар

t

нгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека го отфрлила Оливер Вархеји за комесар за проширување на ЕУ, велејќи дека нејзината одлука е дел од „лицемерието на Брисел“.

„Земјите од Западен Балкан чекаа 14,5 години за членство во ЕУ, што покажува колку мнозинството во блокот е против проширувањето“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција одржана денеска во Будимпешта со српската министерка за економија Адријана Месаровиќ.

Тој смета дека јавните изјави на претставниците за проширување на ЕУ се во спротивност со она што тие го кажале зад затворени врати. Исто така, посочи дека земјите кои беа најнапредни во процесот на пристапување сакаат Вархељи да продолжи да ја врши својата сегашна функција.

Министерот рече дека Унгарија ќе направи се што може „за да обезбеди што поскоро приклучување на земјите од Западен Балкан во Европската унија“.

Според него, секоја земја членка има право да назначи комесар и да одлучи кого да именува. „Значи, ќе започнам со претпоставката дека фантастично посветените демократи во европските парламенти нема да го негираат ова суверено право…“, рече Сијарто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…