(Видео) Патриотите” од ДПМНЕ преку Гаши го блокираат Законот за бранителите

t

,,Патриотите” од ДПМНЕ преку Гаши го блокираат Законот за бранителите.

Процедурално обраќање на пратеникот Сашко Јанчев до претседателот на Собранието, Африм Гаши:

,,Процедуралното се однесува на Законот за бранителите и по однос на тој закон, очигледна е вашата намера тој закон никогаш да не дојде на дневен ред и, очигледно, е дека тоа е со ,амин’ од ДПМНЕ.

За нив патриотизмот е обичен мамец за предизборен лов на гласови. Да беа искрени во патриотизмот, прво ќе го прифатеа условот за формирање на Влада на Левица, а тоа беше ,Македонската платформа’. Потоа ќе ја прифатеа бланко – поддршката на Левица за избор на претседател на Собранието, освен за Африм Гаши, за седниците да се водат на македонски јазик, така што сега немаше да го користат Гаши за да бегаат од Законот за бранителите ко ѓавол од темјан.

Саботажата на Законот се прави со прекршување на членовите 123, ст. 2, член 173, ст. 3 и член 126, ст. 3 од Деловникот.

Член 123, ст. 2 вика дека работа на матичните комисии е да ги разгледа предлог законите. Во превод: не може комисија да не разгледа предлог закон! Во тој случај нема комисија. Ако нема работа по предлог закон, нема комисија. Многу едноставно.

Деловникот дури предвидува и резервен, заштитен механизам, за да не се случува некоја комисија да не разгледува предлог закони. Во таква ситуација, согласно член 126, ст. 3, претседателот на Собранието е должен да интервенира и тој да свика седница и да назначи претседавач кој ќе ја заврши таа деловничка обврска.

Претседателе, вие во договор со ДПМНЕ јасно кажавте дека немате намера да свикате комисија за Законот за бранителите и затоа од Левица ќе добиете кривична пријава.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…

За време на вчерашниот протест во Тирана,…

(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…

Голем пожар избувна во индустриската зона на…

Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…

Денес започнува обврската за зимска опрема

Како и секогаш, и оваа година остануваме…

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…